Селекторот на Куба, Луис Алберто Родригез, го објави скратениот список на ракометари на кои ќе смета за СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.
Меѓу повиканите е левото крило на Вардар, Хансер Родригез, кој имаше неколку одлични партии сезонава.
Родригез беше меѓу лидерите на Куба на првенството на Северна и Средна Америка преку кое беше обезбеден пласманот на Мундијалот.
Покрај Родригез, на СП се очекува многу и левото крило Франк Кастиљо, десниот бек Адонис Абреу, левиот бек Анхел Риверо….
Куба се најде во тешка група на СП и ќе игра против Словенија, Исланд и Зеленортските острови.