Македонија успеа да одигра реми со фаворизираната Унгарија, 27-27, на стартот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Десното крило Ненад Костески вели дека ова е одличен резултат и дека момците изгинаа на теренот.
„Беше тежок и исцрпувачки меч. Го дадовме максимумот, малку фалеше да победиме. Главата горе, одиме понатаму, ова е одличен резултат за сите нас. Радосен сум што момците изгинаа на терен и што покажавме дека вредиме како репрезентација. Сите одиме во нагорна линија. Секако дека ова реми ќе биде една мотивација за сите нас да одиграме уште една ваква квалитетна средба со Холандија, па зошто да и да не се израдуваме“, изјави Костески.
Македонија во второто коло ќе се сретне со Холандија на 17 јануари.