Македонскиот репрезентативец Никола Костески со сребрен медал го заврши својот ангажман во чешкиот суперлигаш Талент Плзен, клуб кој во минатата сезона ја освои шампионската титула на домашна сцена.
Талент Плзен загуби во четвртиот натпревар од финалната серија во чешкиот шампионат од Карвина со 35:27 и мораше да се задоволи со освоеното второ место, со кое си обезбеди и настап на европска сцена.
Десното крило на денешниот натпревар повторно беше расположен за игра, во мрежата на домаќините постигна седум погодоци, со што беше најефикасен во својот тим.
Костески наредната сезона се враќа во Македонија, односно во Супер лигата и ќе биде дел од тимот на Кире Лазаров.
Стружанецот од сезона 2022/23 настапуваше за Талент Плзен и уште во првиот дел од сезоната стана предводник на тимот.
Македонски репрезентативец се враќа во татковината – ќе игра во Автокоманда!