🎥 Костески меч-винер: Еве го победничкиот гол против Грција

Машката сениорска репрезентација на Македонија со победа ќе патува на Европското првенство 2024 во Германија.

Македонија на втората „контролка“ против јужниот сосед триумфираше со 29:28 (15:13) и со три победи ја заврши последната подготвителна фаза.

Нашата репрезентација победничкиот гол го постигна во последните секунди преку десното крило Никола Костески од пенал.

Избраниците на Кире Лазаров во вчерашниот натпревар против Грција славеа со 33:30, додека пред една недела беа подобри од Црна Гора со 39:37.

Македонската репрезентација на Европското првенство во Германија за ривали ги има Франција, Швајцарија и домашната селекција.

Првиот меч на ЕП „црвено-жолтите“ ќе го играат против Франција на 10 јануари од 18:00 часот на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.

 

 

Македонија ја доби и втората „контролка“ со јужниот сосед