Со одигрувањето на реванш средбите од четвртфиналето во Лигата на шампионите, познати се четирите екипи што ќе се борат за титулата.
На Ф4 турнирот во Будимпешта се пласираа европскиот првак Ѓер, потоа француските Мец и Брест Бретањ, како и романскиот ЧСМ Букурешт.
Ѓер со вкупни 23 голови разлика го елиминира данскиот Оденсе, а по ремито кај Ференцварош, Мец го победи унгарскиот тим дома со три гола разлика, 31-28 и патува на Ф4.
Таму ќе игра и Брест Бретањ, кој ја елиминира романската Глорија Бистрица со две победи, а последниот учесник е ЧСМ Букурешт, кој на домашен терен го торпедира данскиот Есбјерг со десет гола, 37-27, откако загуби минимално на гости.
ЧСМ Букурешт по осум години пауза одново ќе игра на Ф4, што е закажан на 6/7 јуни во „МВМ Дом“ во Будимпешта.
Во финалето на ЕХФ Европскиот Куп се пласираа словачката Јувента Михаловце, која ја елиминира турската Бурса само за еден гол, како и шпанскиот состав Атлетико Гуардес, кој два пати ја победи Малага.

























