Колстад и Кристијансанд ги освоија трофеите во Купот на Норвешка

Викендов се одржаа завршните турнири во Купот на Норвешка во машка и женска конкуренција, а првите фаворити се закитија со трофеите.

Во машкото финале, Колстад со 27-23 го совлада Елверум и вторпат во историјата го освои трофејот во ова натпреварување.

Најдобар стрелец во редовите на победникот беше Симен Улстад Лисе, кој постигна седум погодоци во мрежата на Елверум.

Во женското финале, Вајперс Кристијансанд славеше против Сторхамар со 32-23 и седми пат по ред го освои трофејот во Купот на Норвешка.

Најдобар стрелец во победничкиот состав беше Кристин Вен со седум гола против вториот по квалитет тим во Норвешка.