Коларовска: Рано е за осминафинале, има и реванш – мора да бидеме фокусирани

Македонскиот шампион Ѓорче Петров е пред пласман во осминафиналето од Европскиот Куп, откако на првиот дуел против белгискиот Ојпен славеше со 45:39.

Ѓорчепетровки на реванш дуелот, кој ќе го одиграат на свој терен, ќе влезат со предност од шест гола разлика и ќе имаат убава можност со победа да го заврат пласманот во осминафиналето.

Една од предводничките во победата над Ојпен беше Ана Марија Коларовска, која истакна дека сѐ уште е рано за осминафинале, бидејќи претстои уште еден меч.

,,Најпрво честитки до домашната екипа која пружи голем отпор во играта. Атмосферата беше на високо ниво и навистина беше убаво да се игра пред таква публика. За нашата игра не можам да кажам дека беше на највисоко ниво, имавме доста грешки и во напад и во одбрана, тие грешки домашниот тим знаеше да ги искористи. Сѐ уште е рано за осминафинале бидејќи не очекува уште реваншот, ќе бидеме фокусирани на нашата игра, сите веруваме во себе и посакуваме само едно а, тоа е осминафинале во Европскиот Куп”, изјави Коларовска.

Реванш натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Ојпен ќе се одигра на 19 ноември во спортската сала „Автокоманда“, со почеток од 20:00 часот.

Кицеска: Знаевме што нѐ очекува, одигравме тимски и борбено

 

Ѓорче Петров му даде 45 гола на Ојпен, на чекор е до осминафинале!