Кој против кого за финале – познати полуфиналните двојки во Европскиот Куп

По одигрувањето на реванш дуелите од четвртфиналето во Европскиот Куп, познати се полуфиналните двојки.

Екипата на Елче, која во четвртфиналето го елиминираше македонскиот шампион Ѓорче Петров, за ривал ја доби Рокаса Гран Канарија.

Една од двете екипи ќе се пласира во финалето, а тоа значи дека Шпанија ќе има еден финалист во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Во второто полуфинале ќе играат екипите на Бенфика од Португалија и Јувента Михаловце од Словачка.

Првите полуфинални дуели ќе се одиграат на 20/21 април, додека реваншите една недела подоцна, односно на 27/28 април.

Ланската сезона титулата во Европскиот Куп ја освои Коњалти, кој во оваа сезона се натпреваруваше во Лигата на Европа.