Кил шест недели без Ландин

Бундеслигашкиот шампион Кил во следните шест недели ќе биде без левото крило Магнус Ландин.

Данскиот репрезентативец доживеа фрактура на шутерската рака на тренинг и веќе беше опериран.

28-годишниот Ландин ќе пропушти важни битки во Бундес лигата, како и четвртфиналето од Лигата на шампионите против Загреб или Монпелје.

На негово место, тренерот Филип Јиха ќе го има на располагање Бен Силаѓ, кој има само 17 години и настапува за младинската екипа.

Товарот на левата крилна позиција ќе падне на Руне Дамке.