Келце сe мачеше против Ал Најма, но со победа стартуваше на Супер Глоуб

Полскиот првак Келце со победа го стартуваше настапот на годинешното издание на Супер Глоуб турнирот во Саудиска Арабија, откако славеше во неизвесниот дуел против Ал Најма со еден гол разлика, 27:26 (17:13).

Избраниците на Талант Душебаев наидоа на силен отпор од стана на Ал Најма, кој во финишот од дуелот водеше со 26:25, но полскиот гигант не дозволи да има сензација и се израдува на победа.

Голот за победа на Келце го постигна левиот бек Симон Сичко, кој пропушти неколку дуели од Лигата на шампионите поради повреда. 26-годишниот ракометар имаше солидно издание и покажа дека се враќа во посакуваната форма

Најефикасен во победничката екипа беше кружниот напаѓач Артем Каралек. Искусниот ракометар постигна пет погодоци, додека еден помалку имаше Николас Турна.

Во групата Д се натпреварува и Сан Франциско. Американскиот тим утре игра против Ал Најма, додека в четврток против тимот на Душебаев.