По норвешкиот Колстад и германскиот Кил, трет гостин во „Боро Чурлевски“ оваа сезона во Лигата на шампионите ќе биде Келце.
Полскиот шампион и европски вицепрвак тренираше во домот на Еурофарм Пелистер, во кој ќе гостува по 27 години.
Тренерот Талант Душебаев го одржа тренингот со неговите момци и го подготви за атмосферата што ги очекува во „Боро Чурлевски“.
Тој нема да може да смета на Алекс Душебаев и Симон Сичко, но тоа не ја намалува фаворитската улога на Келце.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Келце се игра утревечер во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.