Натпревар со емоции – генерацијата на Стојановиќ за последен пат игра заедно!

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го завршува настапот на Мундијалот во Полска со меч против САД за 25 место.

Ова ќе биде последен настап на оваа генерација на големите натпреварувања во младинските категории, па тоа ќе биде дополнителен мотив да се заокружи настапот во Полска со триумф.

Патот што започна од Летонија со освојувањето на ЕХФ шампионатот за кадети, преку Хрватска и кадетското СП, потоа Словенија и младинското ЕП, завршува денеска во Келце на младинското СП.

Дел од овие ракометари можеби ќе играат заедно во сениорската репрезентација, но во ваков состав сигурно нема.

Селекцијата на САД ќе биде последен ривал на избраниците на Раде Стојановиќ, откако го совлада Бахреин со 29-26.

Во прелиминарната фаза загубија од Јапонија, Кореја и Шведска, а потоа и од Алжир, па запишаа две победи – против Канада и Бахреин. Тоа го носи во битка за 25 место и дуел со Македонија.

Натпреварот меѓу Македонија и Бразил се игра во салата „Легионов“ во Келце со почеток од 18:30 часот.

Светско првенство младинци, полуфинале:

21:00 Данска – Шведска
21:00 Фарски Острови – Португалија

Светско првенство младинци, разигрување за пласман:

09:30 Австрија – Хрватска 
09:30 Аргентина – Кореја
11:45 Мароко – Тунис
11:45 Франција – Шпанија
11:45 Мексико – Канада
14:00 Полска – Алжир
14:00 Романија – Јапонија
14:00 Уругвај – Саудиска Арабија
16:15 Унгарија – Швајцарија
16:15 Бразил – Бахреин
16:15 Исланд – Србија
18:30 Словенија – Египет
18:30 Македонија – САД
18:30 Норвешка – Германија