Тимот на Тиквеш од Кавадарци, по средниот бек Игор Кривокапиќ донесе уште едно засилување на стартот на новата сезона.
Станува збор за кружниот напаѓач Никола Летиќ, кој ова лето дојде во Македонија и настапи за тимот на Струга на турнирот покрај езерото.
Летиќ претходно беше дел од Херцеговина од Невесиње. Тој има 20 години, младински репрезентативец е на Босна и Херцеговина, а потекнува од Локомотива Брчко.
Пивотот што е висок 196 цм, а тежок 103 кг, две сезони мина во некогашниот европски првак Борац Бања Лука.
Тој ќе му прави друштво на Кристијан Анастасовски на линијата од шест метри, а тренерот Кристијан Грчевски ќе има повеќе опции и во нападот и во одбраната.