Карбеска и Илиева ја започнуваат 2024 година со двобој во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 9 коло во Лигата на шампионите.

Македонките Силвана Карбеска и Марија Илиева се делегирани на натпревар од групата А што ќе се одигра во Франција.

Станува збор за средбата меѓу францускиот Брест Бретањ и унгарскиот Дебрецин што ќе се одигра на 6 јануари.

Овој дуел ќе започне од 16:00 часот, а ЕХФ го делегираше Португалецот Антонио Гулао за делегат.

Брест е петти на табелата, а Дебрецин шести, но и двата тима имаат по седум бодови и се очекува да одиграат интересен натпревар.