Хрватите се пласираа во финалето на Мундијалот, откако славеа со 31-28 против големата Франција.
Средниот бек Игор Карачиќ беше меѓу лидерите на националниот тим, откако доби дополнителен повика и не требаше да игра на ова СП.
„Ваква нервоза не сум чувстувал пред мечот меѓу Вардар и Барселона од полуфиналето на Лигата на шампионите во 2019 година. Како што победивме тогаш, така беше и сега. Сите играчи дадоа се од себе, едноставно ова доаѓа од горе, фала му на Бога за се, тоа е единственото објаснување. Малку мора да се одмориме, и одиме понатаму до злато“, изјави емотивно средниот бек.
Противник во финалето на Хрватска ќе и биде победникот од двобојот меѓу Данска и Португалија в недела од 18:00 часот.