Капитенката на Македонија става крај на репрезентативната кариера на ЕП!

Kaпитенот на женската репрезентација на Македонија, Елена Ѓорѓиевска, ќе му каже збогум на националниот тим на Европското првенство во 2024.

Натпреварите со Шведска, Унгарија и Турција, како и eвентуално уште четири доколку се пласираме во главната рунда, ќе бидат последни во репрезентативната кариера на искусната ракометарка.

Актуелната членка на турскиот Коњалти, којa претходно играше за Магура, Крајова, Баја Маре, Вац, Фехервар, Будуќност, Подравка, како и Стружанка, Металург, Еуростандард ЃП и Кометал ЃП, дебитираше за сениорската репрезентација на Македонија на 14 години.

Ѓорѓиевска настапи на СП 2005 и СП 2007, потоа на ЕП 2006, ЕП 2008 и ЕП 2012, но го пропушти минатото ЕП што се играше во Македонија. Затоа сега ќе има убава шанса да се збогува од репрезентацијата на големо натпреварување.

Македонија го стартува Европското првенство на 28 ноември со дуел против Шведска, па следува натпревар со Турција на 30 ноември и на крај пресметка со домаќинот Унгарија на 2 декември.