Како на бундеслигашки меч – Металург РА и Скопје постигнаа 82 погодоци!

Тимот на Металург РА славеше против Скопје во натпревар на кој паднаа дури 82 погодоци како што е случај на некои бундеслигашки средби, 42-40.

Металург РА со овој триумф има осум бодови на седмото место, но е далеку од позицијата што води во бараж за Супер лигата.

Двете екипи имаа свои моменти на мечот. Металург РА испушти водство од пет гола, 18-13 и дозволи Скопје да се врати во егал на паузата, 23-23.

По нерешените 30-30, Металург РА се одлепи на плус три и до крајот не ја испушти предноста, иако Скопје во повеќе наврати намалуваше на гол негатива.

Филип Петровски даде 14 гола за домаќините, додека Дион Земон со 11 и Дарко Рангелов со десет гола беа најдобри стрелци кај Скопје.