Кадетскиот Ф4 ТРЕТА ГОДИНА ПО РЕД во Автокоманда

Првакот во кадетска машка конкуренција ќе се дознае викендов, а домаќин ќе биде салата во Автокоманда – трета година по ред. Така реши Натпреварувачката космисија на Ракометната федерација на Македонија која по разгледање на пријавите од клубовите донесе одлука.

И лани и претходната сезоната домаќини на Ф4 турнирот беше Автокоманда, но тогаш организатор беше „поголемиот брат“. Сега аплицираше Мулти Есенс, и ја доби огранизацијата. И лани и годинава апликации за домаќинство доставиле и Струга и Битола, но нивните не биде „најдобри“.

Турнирот се игра викендов.

Двојките за полуфиналето (сабота) се
Пролет – Струга (11 ч.)
Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс (13 ч.)
Меч за трето место: 17 ч.
финале: 19 ч.

Во информацијата до клубовите, Натпреварувачката комисија информира дека „по доставените и разгледаните пријави за организација на Ф4 во кадетска машка лига, донесе одлука организацијата ја додели на Мулти Есенс“. Во образложението на одлуката се вели:

Одлуката за доделување на организација на Ф4 за Мулти Есенс е дадена заради неколку ставки во нивната понуда во однос на другите:
– Обезбедување на модератор за сите натревари на Ф4: најава играчи, музика, тонски и визуелни ефекти
– Заеднички ручек за судиите, делегатите и службените лица на РФМ
– Подарок од палетата производи од АД Алкалоид Скопје

И лани имаше многу негодување при изборот на Автокоманда за домаќин, бидејќи тогаш пресудија „европскиот терк на организрање“.

📷 РФМ реши кадетскиот Ф4 пак да биде во Автокоманда – ќе организирале по европски терк!