КАДЕТКИ: Вардарки на коло пред крај ја освоија шампионската титула!

Кадетките на Вардар се новите шампионки во Македонија, откако ја обезбедија титулата на едно коло до крајот на првенството.

Избраничките на Марија Папуџиева и Даниела Вељаноска славеа на гостински терен кај составот на Јехона со 38-19, додека нивниот конкурент за првото место направи кикс.

Стружанка, која беше бранител на титулата загуби на гостински терен кај Илинден Вардар со 25-24 и сега првото место е недостижно.

На колот пред крајот, Вардар е прва со 35 бодови, Стружанка е втора со 31, додека Ѓорче Петров е трет на табелата со 28 бодови.

Во последното коло вардарки ќе играат на домашен терен против Чаир кога ќе им биде доделена титулата.