Кадетки: Вардар сигурен кај Делчево, Стружанка го изненади Ѓорче Петров

Викендов покрај младинската женска лига, започна и кадетската женска лига.

Вардар триумфираше против Делчево со 41-22. Гевгелија оствари минимален триумф против Илинден Вардар од 23-22.

Стружанка славеше на гостувањето кај екипата на Ѓорче Петров со 27-17. Чаир беше убедлив на гостувањето кај Јехона со конечен резултат 37-19.

Кадетска лига (жени), 1. коло, резултати:
Вардар – Делчево 41-22
Гевгелија – Илинден Вардар 23-22
Ѓорче Петров – Стружанка 17-27
Јехона – Чаир 19-37