Кадетите славеа убедливо против Црна Гора

Машката кадетска репрезентација на Македонија славеше убедливо на првиот пријателски натпревар против Црна Гора со 28-20 (13:8).

Нашите кадети иако денеска пристигнаа во Подгорица, тоа не беше пречка да водат во текот на целиот меч и да забележат убедлива победа.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Јован Петрески со девет погодоци, четири постигна Мартин Димовски, по три реализации имаа Филип Насевски, Теодор Пецановски и Дамјан Митев, кој заработи црвен картон во 39 минута, двапати во листата на стрелци се запиша Александар Славков, а по еден гол постигнаа Филип Мечкаровски, Мартин Иванов, Филип Симоновски и Ѓорѓи Николовски.

Утрешниот натпревар меѓу „црвено-жолтите“ и Црна Гора ќе се одигра со почеток од 13:00 часот.

Овие натпревари се дел од подготовките за настапот на кадетскиот континентален собир, кој ќе се одржи претстојното лето во црногорската престолнина.

Кадетите на Македонија на Европското првенство ќе играат во група со Германија, Франција и Полска.