КАДЕТИ Ф4: Бисинов – Сите учесници се фаворити, победник ќе биде најквалитетниот тим!

Завршниот турнир во машка кадетска конкуренција ќе се одржи во Автокоманда, a покрај домаќинот, ќе играат и Бисинов, Струга и Еурофарм Пелистер 2.

Тимот на Бисинов од Велес до пласман на Ф4 турнирот стигна откако во бараж дуелот го елиминираше Мулти Есенс, претходно настапот во групата Б го заврши на 2. позиција во конкуренција на 8 екипи.

Избраниците на Никола Бисинов во ланската сезона не успеаја да стигнат на Ф4 завршницата, во четвртфиналето беа елиминирани од Струга.

Оваа сезона клубот од Велес направи чекор повеќе, се пласира меѓу најдобрите четири екипи и сигурно ќе атакува на трофејот.

,,Очекуваме пред сѐ дека овој Ф4 ќе биде доста изедначен по квалитет и очекуваме дека секој натпревар ќе биде изедначен до самиот крај затоа што играат во моментов најдобрите 4 кадетски екипи, им посакуваме среќа на сите екипи и нека победи најдобриот”, истакнаа од велешкиот тим.

Кадетскиот тим на Бисинов за ривал во полуфиналето на Ф4 турнирот го има Еурофарм Пелистер 2.

,,Ривалот во полуфиналето делумно го познаваме и ќе направиме сѐ што е во наша моќ и да излеземе како победници во ова полуфинале. Фаворит на овој Ф4 е секоја од овие 4 екипи и победник ќе биде онаа екипа која што ќе одигра најквалитетно и којa ќе има среќен ден. Задоволни сме од конечниот исход и за издвојуваната победа над Мулти Есенс во бараж дуелот и посакуваме на сите екипи во овој Ф4 среќа”.

Распоред, Ф4 – кадети:
САБОТА – 18.05.2024
Полуфинални мечеви
11:00 – Струга – Алкалоид
13:30 – Бисинов – Еурофарм Пелистер 2

17:00 – меч за 3 место
19:30 – финале