Кадетен остана без услугите на Обрановиќ!

Екипата на Кадетен Шафхаузен објави предвремен раскин на договорот со некогашниот репрезентативец на Хрватска, Сандро Обрановиќ.

Левиот бек, кој може да игра и на позицијата среден бек, имаше договор со швајцарскиот клуб до крајот на оваа сезона.

Обрановиќ во Кадетен Шафхаузен пристигна минатата сезона од Загреб и веднаш се прилагоди во новата сезона.

Искусниот ракометар во текот на 2015 година доби шанса во репрезентацијата на Хрватска, но по само два одиграни натпревари го загуби статусот на репрезентативец.

Во својата кариера настапуваше и за суперлигашот Нексе од Нашице, францускиот Шамбери и Мешков Брест од Белорусија.