Јапонски репрезентативец ги засили редовите на „гладијаторите“

Амбициозниот тим на Охрид, кој ќе игра во плеј-оф фазата, денес официјално го промовираше новото засилување.

Ново име во составот на Стевче Алушовски ќе биде средниот бек од Јапонија, Хироки Мацуока.

Toj ќе биде вториот Јапонец што ќе игра во македонското првенство, по Косуке Јасухира, кој го носи дресот на Вардар.

Мацуока во редовите на Охрид пристигна од чешкиот суперлигаш Брно и во Македонија ќе го има вториот интернационален предизвик.

За услугите на Мацуока интерес покажаа многу клубови, но охриѓани ја добија битката за негово ангажирање.

Јапонскиот репрезентативец со раководството на Охрид се договори на соработка, која ќе биде со важност до 2025 година.

Охрид во вториот дел од сезоната ќе биде посилен и со повремениот репрезентативец на Црна Гора, кружниот напаѓач Адмир Пелидија.

Нов Јапонец доаѓа во Македонија: Мацуока го засилува Охрид!