Тимот на Славија Прага, каде што настапува македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска, е на чекор до финалето во плеј-офот во Чешка.
Славија Прага славеше во првата пресметка од полуфиналето против Злин на гостински терен со 31-23.
Јанкуловска беше меѓу најдобрите на теренот и успеа да погоди четири пати во противничката мрежа.
Реваншот од четвртфиналето на плеј-офот, Јанкуловска и Славија Прага ќе го играат претстојниот викенд.
Ривал во евентуалното полуфинале во битката за титула, ќе им биде Кинжварт.