Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Дарко Јанев, го објави скратениот список на ракометарки за подготовките за Мундијалот.
Јанев ќе смета на 20 ракометарки, а на списокот има и седум резерви кои ќе се приклучат доколку има потреба.
Меѓу нив ја нема Теодора Дукоска, која се уште е во процес на рехабилитација по операцијата на рамотот, додека Александра Коловска е на списокот резерви бидејќи само што се врати на терените по долгата пауза.
Покрај Коловска, на списокот резерви се Еленин, Кирова, Велкова, Ѓорѓиевска, Тодоровска и Котевска.
Македонија е во група со САД, Ангола и Исланд, а СП 2024 на кое ќе учествуваат 32 селекции ќе се игра во три сали во Скопје.
Нашите репрезентативки од среда ќе бидат на подготовки во Маврово, а кон средината на јуни ќе настапат на пријателски турнир во Скопје.