Јанеска-Килдан втор стрелец, „македонскиот“ Коњалти со нов триумф во Турција

Тимот на Коњалти Анталија, каде што играат три македонски репрезентативки, забележа нова победа во турскиот шампионат.

Коњалти Анталија славеше против Текирдаг на гостински терен со убедливи девет погодоци разлика, 33-24.

Моника Јанеска-Килдан беше втор стрелец на мечот со шест гола, Елена Ѓорѓиевска постигна два гола, додека Ивана Гакидова не беше во ростерот.

Коњалти Анталија има шест победи на шест меча и се наоѓа на врвот заедно со непоразениот Кастамону.