Јана Кнедликова по 11 сезони се врати дома!

Поранешната чешка репрезентативка Јана Кнедликова, по банкротот на Вајперс Кристијансанд има нов клуб.

Таа се врати во татковината и по 11 сезони пауза ќе го облече дресот на тимот на Славија Прага.

Кнедликова ја започна кариерата во Славија Прага, а сега ќе се обиде да му помогне на составот во кој игра и Ангела Јанкуловска, да ги освои трофеите на домашна сцена и да дотурка подалеку во Европскиот Куп.

Десното крило во 2014 година замина од Славија Прага во унгарскиот Мошонмаѓаровар, каде мина една сезона, а потоа по пет играше за Ѓер и за Кристијансанд.

Има освоено шест титули во Лигата на шампионите, по три со унгарскиот и норвешкиот првак.