Селекторот на машката репрезентација на Данска, Николај Јакобсен, го објави скратениот список пред домашното СП 2025.
Данците почнуваат нова ера без Микел Хансен, но и без Никлас Ландин, кој заврши со националниот тим, па на голманската позиција ќе бидат Емил Нилсен и Кевин Мелер.
Го нема ниту Ханс Линдберг, кој исто така не игра повеќе за националниот тим, но Јакобсен го селектираше Менса Ларсен, кој ги пропушти ОИ, но играше на претходните три СП кога Данска освојуваше злато.
Тука се ветераните Лауге и Мелгард, но и Андерсон, Питлик и Гидсел, кои играат во одлична форма сезонава. Има само еден дебитант – пикерот Емил Берголт од Скјерн.
Тој смета на 19 ракометари за собирот после Нова Година, а Данска пред Мундијалот на домашен терен ќе игра две пријателски средби со Бахреин на 9 и 10 јануари.
Данците се во група со Италија, Тунис и Алжир.