Elohim PRANDI and Niclas Vest KIRKELØKKE, Final - France vs Denmark, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 28.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

📷 Пранди со нова „бомба“ ги сруши Данците, Франција по четврти пат на тронот на Европа!

Франција е нов шампион на Европа откако по рововска борба успеа да ја совлада Данска со 33:31. Имаа Данците контрола во поголемиот дел од мечот, на неколкупати водеа и со три голови позитива, но Франција секогаш имаше брз одговор за противникот.

Данска беше најблиску до златото пред самиот крај на мечот кога имаше напад за два разлика во последната минута, но не успеа да реализира. Франција израмни и го однесе натпреварот во продолженија, каде во последните пет минути успеа да го скрши отпорот на Данска, и сосема заслужено по четвртти пат во својата историја стана Европски шампион.

Франција-Данска 33:31 (14:14)

Финалето со погодок од седум метри го отвори Деска за воство на Франција , а на спротивната страна со два брзи голови врати одличниот Гидсел. Првите десетина минути поминаа во израмнета игра и голгетерска борба помеѓу двата десни бекови Матијес Гидсел и Недим Ремили, а на семафорот резултатот беше 4:4. На голот порасположен беше Емил Нилсен кој стартувашe кај Данска, но неговите соиграчи не го искористија тоа, влегоа во серија грешки кои Франција максимално ги искористи за водство од 6:4. Следуваше исклучување во данската репрезентација, по кое се очекуваше Франција да ја зголеми својата предност.

Но се случи токму спротивното. Франција неколку минути не можеше да постигне погодок, а скандинавците одговорија со фантастична серија од 5-0, по која поведоа со највисоки 6:9 на половина на првиот дел. Емил Нилсен имаше неверојатен перформанс и со осум одбрани веќе по петнаесет минути игра беше клучна фигура за водството на Данска. Неверојатно високо темпо наметнаа двете репрезентации кои напаѓаа во бранови и константно се менуваа настананите на теренот.

Следуваа минути на Французите, кои иницираа серија од 3-0, која ја отвори Наи а ја затвори Лен за 9:9. Црниот период од седум минути без погодок на данците го прекина Киркелоке, а до крајот видовме израмнета игра по која првиот дел заврши со резултат 14:14.

ЕП2024: Финале Франција – Данска

Хансен со два погодоци од седум метри го отвори второто полувреме, а Емил Нилсен продожи да прави чуда на својот гол. Гидсел со својот петти погодок го врати највисокото водство на Данска 14:17, а Фабрегас после пет минути во вториот дел погоди првпат за Франција. Данците ја одржуваа предноста помеѓу еден и два голови во најголемиот дел од второто полувреме. Хансен беше непогрешлив од линијата за седум метри 6/6, а се разбуди и Питлик со чиј погодок Данска поведе со 20:22 во 50.минута.

Франција после долго време со погодокот на Фабрегас стигна до израмнување 23:23, а Мае со погодок од седмерец ја врати Франција во водство од 25:24 на пет минути до крајот. Во последните пет минути Данска тргна со игра седум на шест која одлично му легна на Микел Хансен кој со два гола носи ново водство на Данска 25:26.Меа погоди на спротивната страна за ново израмнување, а Гидсел со маестрален погодок ја доближи Данска на чекор до златото.

Следуваше техничка грешка на Французите, по што Јакобсен повика тајм аут за Данска на минута до крајот на мечот. Данците не успееа да упатат удар, судиите досудија пасивен напад, а на спротивната страна молњевито погоди Фабрегас за нерешени 27:27 по шеесетина минути игра.

Прво продолжение (2X5 минути)

И во продолжението данскиот тренер Јакобсен ја форсираше играта седум на шест. Тоа го искористи Киркелоке за ново водство на Данска, а на спротивната страна врати Ремили за 28:28.Ниедна репрезентација не успеа да се одлепи по првите пет минути од продолжението па со головите на Питлик и Фабрегас заврши со резултат 29:29. Дука Мем со два голови по ред донесе водство од 31:29 и ја доближи Франција на чекор до европското злато.

Данска погреши во напад, Ремили имаше шанса да стави точка на мечот, но Ландин ја одржа својата репрезентација во игра.Хансен со погодок од седум метри ја врати драмата на мечот, а Франција тргна по погодок кој би и го донел Европското злато. Таличниот Пранди упати бомба во мрежата на Данска, погодок со кој Франција по четврти пат се искачи на Европскиот трон. Конечниот резултат на финалето беше 33:31.

Најпрецизни во репрезентацијата на Франција беа Фабрегас со осум и Ремили со пет погодоци, а на спротивната страна Хансен девет пати ја затресе француската мрежа.