Репрезентативката на Македонија, Сара Стефаноска, заедно со Јагогина се израдуваа на петтиот сезонски триумф во српскиот шампионат.
Јагодина за ривал во 8. коло го имаше некогашниот шампион на Србија, Наиса Ниш, и успеа да триумфира со плус шест, 27:21.
Екс ракометарката на Вардар во дадената минутажа на теренот запиша четири гола од шест обиди, а зад своето име имаше и две асистенции.
За Јагодина ова беше важна победа пред реванш натпреварот против Јонијас во рамки од 3. коло од Европскиот Куп.
Клубот на Стефаноска на првиот дуел беше поразен од грчкиот клуб, загуби со седум гола разлика, 27:20.