Традиционално на крајот на сезона во Суперлигата, 24Ракомет го избира идеалниот тим на сезоната, давајќи им признанија на оние што се одвојуваа на позицијата на која настапуваат.
Ова е шеста (6) сезона по ред како редакцијата на 24Ракомет ги избира ALL STAR тимот, што е веќе традиција, како единствен и независен избор на најдобрите ракометари, и во машка и во женска конкуренција. Покрај за идеалната седморка, ќе се гласа и за најдобар тренер, млад играч и најдобар дефанзивец.
Во изборот ќе учествуваат: публиката преку гласањето што го огранизираме, македонските новинари кои следат ракомет од сите медиумски формати во земјава, заедно со редакцијата на 24Ракомет. Збирот од гласањето на сите три фактори (публиката, новинари и редакцијата на 24Ракомет) ќе ги даде победниците во секоја категорија.
Редакцијата на 24Ракомет ви овозможи и Вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот и да гласате за најдобрите ракометари во сезоната. Ќе ги претставиме сите кандидати, со цел полесно да се решите за кого да го дадете вашиот глас.
ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ДО ЧЕТВРТОК, 30 МАЈ 2024
Номинирани се по петмина играчи на секоја позиција од кои ќе биде избран најдобриот.
Читателите ќе гласаат за еден од петмината понудени кандидати. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 5, 4, 3, 2, 1, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – од 5 (најдобар) до 1 (петтопласиран).
Истото ќе биде и при гласањето на новинарите и на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за петтемина понудени ракометари по приципот 5, 4, 3, 2, 1. На крај се направи вкупен збир од трите сегменти (публика/новинари/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).
Најдобар среден бек на сезоната:
Ласко Андоновски (Пролет) – Искусниот ракометар веќе неколку сезони е меѓу најдобрите средни бекови во суперлигашката конкуренција.
Страхиња Симиќ (Тиквеш) – Српскиот интернационалец и во оваа сезона беше главна алка во тимот од Кавадарци.
Марко Митев (Алкалоид) – Младиот репрезентативец одигра одлично, посебно на неколку дерби дуели во првиот и вториот дел од сезоната.
Домен Тајник (Еурофарм Пелистер) – Словенецот во плеј-оф фазата покажа дека може многу повеќе и донесе новитети во битолскиот тим.
Коскуе Јасухира (Вардар) – Самурајот уште на почетокот од сезоната ги освои симпатиите на вардаровите навивачи и покажа дека е големо засилување во редовите на „црвено-црните“.
За најдобар среден бек на сезона 2023/24 можете да гласате на линкот во продолжение…
ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)