Иваноски ја продолжува одличната форма во Србија – „петка“ и против Партизан

Македонскиот интернационалец Михаил Иваноски ја продолжува одличната форма во српскиот шампионат.

Неговиот тим Дубочица Лесковац пружи силен отпор кај фаворитот Партизан, иако загуби со 30-26.

Македонскиот десен бек беше еден од најдобрите во гостинскиот тим и успеа да постигне пет погодоци од шест обиди.

Бојан Маџовски од Партизан не играше многу на овој натпревар и го заврши со две украдени топки.

Дубочица Лесковац се наоѓа на седмото место на табелата со 7 бодови, а следен предизвик за тимот на Иваноски ќе биде домашниот дуел со Металопластика. Партизан и Маџовски се на првото место со седум од седум и 14 бода, а во следното коло гостуваат кај Обилиќ.