Илиев даде 14 гола, Бисинов продолжува со максимален учинок

Ракометарите на Бисинов остануваат непоразени во прволигашкиот плеј-оф, откако на свој терен славеа над Металург РА со 35:30.

Велешани остануваат лидери на табелата во плеј-оф фазата, сега имаат 18 бодови и се на добар пат да обезбедат директен пласман во Супер лигата.

Освен во воведните минути кога гостите од Автокоманда на двапати го израмнуваа резултатот, се останато мина во знакот на домашниот табор.

Избраниците на Никола Бисинов на полувреме заминаа со резултатска предност од 17:14 и во вториот дел не му дозволија на гостинот да има било какви шанси за камбек.

Победничката екипа беше предводена од искусниот Ивица Илиев, кој постигна дури 14 погодоци.

Кај Металург РА се истакна Филип Петровски со осум погодоци, втор стрелец со пет реализации беше Андреј Крстевски.