Беше дел од Металург и Вардар, а сега стигна до 500 голови во Бундес лигата

Некогашниот пивот на Металург и Вардар, Мијајло Марсениќ, прослави голем јубилеј во Бундес лигата.

Тој стигна до бројка од 500 постигнати погодоци во најсилната ракометна конкуренција во светот.

Членот на Фуксе Берлин и српски репрезентативец ова го направи за пет сезони во дресот на „лисиците“.

Фуксе Берлин има девет победи на девет натпревари во Бундес лига и сезонава е еден од најголемите фаворити за титулата.