Откако Келце го промовираше словенечкиот репрезентативец Алекс Влах, стана јасно дека Игор Карачиќ ќе го заврши својот престој во полскиот вицепрвак.
Поранешниот вардарец ја игра шестата сезона во тимот на Талант Душебаев, но на лето ќе си замине од Полска, пишуваат сите полски медиуми.
„Сакам кога чувствувам притисок, сметам дека тогаш играм подобро. Карачиќ имаше одлични настапи овде, знам дека нема да биде лесно да го заменам. Сепак знам за што сум способен“, кажа Влах на промоцијата во дресот на Келце.
Покрај Влах, од позајмица се враќа и младиот полски репрезентативец Пјотр Једрашчук, a Душебаев често ги користи Олејничак и Даниел Душабев на средната бековска позиција.
36-годишниот Карачиќ по настапите за Зрињки Мостар, Метковиќ, Перутнина ПИПО, Босна Сараево, Вардар и Келце, од лето ќе има нов предизвик во кариерата.
Со Келце досега освои четири шампионски титули во Полска, како и еден трофеј во Купот.