ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО OД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 5 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Куманово, „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Еурофарм Пелистер, Вардар, Прилеп, како и двајца од тимот на Oхрид.

За МВП на колото ќе можете да гласате до понеделник до 12 часот.

Супер лига, 5. коло, резултати:

ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД 25-31 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – РАДОВИШ 35-24 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР 27-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 30-21 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ОХРИД 17-31 (ИЗВЕШТАЈ)
БИСИНОВ – КУМАНОВО 25-30 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 5.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Давид Димевски - лев бек - Куманово
40.45%
Денис Шабановиќ - десно крило - Прилеп
31.46%
Цветан Кузманоски - лево крило - Еурофарм Пелистер
8.99%
Мартин Серафимов - десен бек - Алкалоид
6.74%
Градимир Чаневски - голман - Охрид
6.74%
Милан Лазаревски - пивот - Вардар
4.49%
Горан Крстевски - среден бек - Охрид
1.12%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Градимир Чаневски (Охрид) – Чуварот на мрежата брани во одлична форма и вторпат во серија се најде во идеалниот тим.

Лево крило: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер) – Стружанецот беше меѓу најдобрите поединци на натпреварот со Пролет.

Лев бек: Давид Димевски (Куманово) – Младинскиот репрезентативец, кој може да одговори на сите бековски позиции, даде 12 гола против Бисинов.

Среден бек: Горан Крстевски (Охрид) – Како одминува сезоната, така Крстевски игра во подобра форма и беше меѓу најдобрите во езерското дерби.

Десен бек: Мартин Серафимов (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец заедно со Митев беа лидери на „сино-белите“ во триумфот кај Тиквеш.

Десно крило: Денис Шабановиќ (Прилеп) – Десното крило постигна пет погодоци во убедливиот триумф над Радовиш.

Пивот: Милан Лазаревски (Вардар) – Кружниот напаѓач беше меѓу творците на победата на „црвено-црните“ на гости кај Бутел Скопје.