Чаневски блескаше – Охрид сигурен во езерското дерби

Ракометарите на Охрид во Струга ја продолжија победничката серија во Супер лигата, триумфираа со 31:17 против истоимената екипа и сега имаат пет од пет.

Охрид во езерскиот двобој тргна одлично, поведе со 4:0, имаше и 11:4, но во последните десет минути домаќините се разбудија, направија серија од 4:0 намалувајќи на 11:8.

Гостите на пауза заминаа со четири плус, 12:8, a голема заслуга за предноста на Охрид имаше искусниот Градимир Чаневски, кој во првите 30 минути имаше дури 14 интервенции, на домаќините им фати два седмерци во моментите кога се закануваа за камбек.

Стружани парираа колку што можат во второто полувреме, но поискусниот тим со поголемата ротација не дозволи домаќините да имаат премногу шанси. Избраниците на Стевче Алушовски како што го отворија првиот дел, така го започнаа и вториот, дојдоа до 15:9 во 35 минута и рутински го одработија остатокот од натпреварот.

Деби настап во дресот на Охрид имаше Ловро Јотиќ, додека листата на стрелци во победничката екипа беше предводена од Гоце Ојлески со девет погодоци. Кај домаќините се истакна Филип Пајкоски со четири, по три постигнаа Бобан Савески и Немања Џигероски.

Охрид во следното, 6 коло од домашната елита на свој терен ќе игра против дебитантот Бисинов од Велес.

Струга, која во досегашниот тек од сезоната освои два бода, за следен ривал го има тимот од Автокоманда.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186