ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 5 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Вардар и по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Вардар Неготино, Охрид, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2.

За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Супер лига, 5. коло, резултати:

Плеј-оф

АЛКАЛОИД – ВАРДАР 23-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21-24 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ 13-20 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ОХРИД 28-32 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1200120

Плеј-аут

АЕРОДРОМ – МУЛТИ ЕСЕНС 0-10
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СКОПЈЕ 39-22 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР НЕГОТИНО – ГОЛДЕН АРТ 27-26 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ПРИЛЕП 26-26 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО13101232
2ПРИЛЕП1291230
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
4ВАРДАР НЕГОТИНО1380524
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1241716
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142

СПОРЕД ВАС КОЈ Е МВП НА 5.КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГА?

Лазар Адамовиќ - десен бек - Вардар Неготино
51.81%
Мартин Томовски - голман - Вардар
39.16%
Цветан Кузманоски - лево крило - Еурофарм Пелистер
4.41%
Милан Лазаревски - пивот - Вардар
1.35%
Стефан Крстевски - среден бек - Бутел Скопје
1.21%
Гал Цирар - десно крило - Охрид
1.07%
Богдан Мијушковиќ - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
1.00%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ

Голман: Мартин Томовски (Вардар) – Чуварот на мрежата блескаше меѓу стативите и со 12 одбрани го водеше „црвено-црниот“ тим до триумф во Автокоманда.

Лево крило: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец беше меѓу подобрите на гостувањето во Кавадарци.

Лев бек: Богдан Мијушковиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Црногорскиот бек, кој играше на пикерската позиција, беше најдобар стрелец во убедливата победа над Скопје.

Среден бек: Стефан Крстевски (Бутел Скопје) – Плејмејкерот го предводеше Бутел Скопје до првите бодови во суперлигашкиот плеј-оф.

Десен бек: Лазар Адамовиќ (Вардар Неготино) – Десниот бек од Србија ја продолжи одличната форма во плеј-аутот и беше најдобар стрелец против Голден Арт.

Десно крило: Гал Цирар (Охрид) – Со 12 голови словенечкиот интернационалец го предводеше нападот на Охрид против Пролет.

Пивот: Милан Лазаревски (Вардар) – Кружниот напаѓач одигра добар натпревар во Автокоманда, во нападот даде четири гола, а имаше значајна улога и во одбраната.