Бикоски е херојот – Прилеп во последните секунди освои бод кај Куманово!

Тимот на Прилеп ја продолжи серијата без пораз во суперлигашкиот плеј-аут, откако во драматична завршница освои бод кај Куманово со голот на Бикоски во последните секунди, 26-26. Гостите имаа водство од три гола на стартот на вториот дел, но дозволија кумановци да ги искористат нивните грешки и да направат комплетен пресврт, а во финишот се влезе со реми, 25-25. Најпрво Костов донесе водство од пенал на петнаесетина секунди до крајот, но прилепчани организираа брз напад и Бикоски стрелаше за голем бод. Сега Прилеп има 15 на првото место, а Куманово 11 на втората позиција.

Првото полувреме помина во изедначена игра, се играше гол за гол, домаќините до 15 минута поведуваа, гостите израмнуваа, а по нерешените 7:7, избраниците на Божидар Мојсов ја презедоа иницијативата на теренот, најпрво поведоа со 8:7, потоа со голот на Кастратовиќ дојдоа до плус два, 9:7.

Од тој момент Прилеп како да фати ритам и успеа до крајот на првото полувреме да ја сочува максималната предноста од два гола разлика. Домашниот тим имаше неколку шанси да се врати во игра, но дадената прилика не ја искористи. По 30 минути игра резултатот беше 14:12 во корист за составот на Мојсов.

По водството на прилепчани со 17-14, домашните заигра подобро во одбраната и по тајм-аутот на Димковски израмнија на 17-17. Имаа шанса и за водство, но ударот на Костов го запре Ангелески, но десното крило се поправи во следната акција и му донесе водство на Куманово.

Во продолжение се зголемија грешките кај Прилеп, па и Мојсов реагираше со минута одмор. Се заостри играта на двете страни, па браќата Георгиевски често се решаваа да покажат исклучување. Голманот Михајловски фати еден зицер, неговите соиграчи казнија, па Куманово имаше плус два, 22-20 кога остануваа уште десетина минути.

Куманово водеше со 23-21, па 25-23, но беше промашен шут за плус три и Шабановиќ погоди од контранапад за минус еден и возбудувања во последните 120 секунди. Домашните уште еднаш погрешија во нападот, па Прилеп израмни на 25-25. Куманово имаше пенал, Костов го реализираше, но гостите набрзина организираа напад и Бикоски погоди од левата крилна позиција за голем бод на тешкото гостување.

Во домашниот состав по пет гола имаа Костов, Радојичиќ и Гамзардија, а кај Прилеп се истакнаа Шабановиќ со десет и Рајатоски со пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП971124
2МРК КУМАНОВО971123
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2960321
4ВАРДАР НЕГОТИНО960318
5МУЛТИЕСЕНС941414
6ГОЛДЕН АРТ921610
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092