ИДЕАЛЕН ТИМ НА 18. КОЛО OД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 18 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од „сино-белите“ од Автокоманда, Вардар, Куманово, Радовиш, Тиквеш и двајца од шампионот Еурофарм Пелистер.

За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Супер лига, 18. коло, резултати:

РАДОВИШ – СТРУГА 33-30 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 21-33 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ПРОЛЕТ 23-21 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ПРИЛЕП 36-25 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – БОРЕЦ ФЛ 42-30 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 18.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Давид Цветковски - лево крило - Куманово
66.40%
Здравко Постолов - лев бек - Радовиш
26.37%
Милан Лазаревски - пивот - Вардар
2.89%
Благојче Трајкоски - голман - Алкалоид
1.93%
Евгениј Темелкоски - десно крило - Тиквеш
1.45%
Усама Хосни - десен бек - Еурофарм Пелистер
0.80%
Домен Тајник - среден бек - Еурофарм Пелистер
0.16%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 18. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Благојче Трајкоски (Алкалоид) – Искусниот чувар на мрежата запиша 17 интервенции против велешкиот тим.

Лево крило: Давид Цветковски (Куманово) – Беше меѓу предводниците во триумфот над Пролет.

Лев бек: Здравко Постолов (Радовиш) – Левиот бек постигна десет погодоци во првата суперлигашка победа.

Среден бек: Домен Тајник (Еурофарм Пелистер) – Словенецот имаше одлична партија на тешкиот дуел со Охрид.

Десен бек: Усама Хосни (Еурофарм Пелистер) – Тунижанецот беше лидер со седум погодоци во триумфот покрај езерото.

Десно крило: Евгениј Темелкоски (Тиквеш) – Десното крило го водеше кавадарчани до висока победа кај Бутел Скопје.

Пивот: Милан Лазаревски (Вардар) – Македонскиот репрезентативец постигна осум гола против Прилеп.