Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 15 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Струга, Бутел Скопје, Бисинов ФЛ, Пролет, Охрид и Тиквеш.
За МВП на колото ќе можете да гласате до четврток до 12 часот.
Супер лига, 15. коло, резултати:
ТИКВЕШ – ОХРИД 26-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – АЛКАЛОИД 30-40 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 35-33 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – КУМАНОВО 29-23 (ИЗВЕШТАЈ)
БИСИНОВ ФЛ – ПРОЛЕТ 25-25 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАДОВИШ 36-21 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 15. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Никола Митревски (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец имаше одлично издание на дербито со Вардар и запиша 12 одбрани.
Лево крило: Ненад Костоски (Струга) – Стружанецот беше стрелец на 11 погодоци против Куманово.
Лев бек: Тодор Узунчев (Бутел Скопје) – Младинскиот репрезентативец на Македонија беше меѓу најдобрите на теренот против Радвиш.
Среден бек: Ивица Илиев (Бисинов ФЛ) – Искусниот плејмејкер го водеше велешкиот тим до бод против тимот на Пролет.
Десен бек: Тарик Бакар (Пролет) – Тунискиот интернационалец погоди дури 12 пати на гостувањето кај Бисинов ФЛ.
Десно крило: Гал Цирар (Охрид) – Словенечкиот интернационалец беше најдобар стрелец на Охрид на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци.
Пивот: Никола Летиќ (Тиквеш) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци на мечот со охриѓани.