„Сино-белите“ од Автокоманда победнички низ Прилеп

„Сино-белиот“ тим од Автокоманда продолжи со победите во суперлигашкото друштво откако славеше на гостувањето кај Прилеп со 40-30.

Домашните отворија со 2-0 и 3-2, но потоа следуваше серија од пет погодоци за момците на Кирил Лазаров, кои поведоа со 7-3. Предноста во продолжение се движеше меѓу три и пет гола, а на паузата гостите заминаа со плус пет, 18-13.

На стартот на вториот дел, „сино-белите“ уште повеќе се одлепија, ги казнуваа сите грешки на прилепчани, a згора на се пивотот Квастек го заработи третото исклучување и црвен картон, па мораше на трибини.

Немаше никакви возбудувања до крајот на мечот, шанса добија повеќето ракометари од клупите, гостите лесно ја задржуваа предноста, а домашните беа немоќни да направат нешто повеќе во овој натпревар.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186