Македонија одигра драматично реми со селекцијата на Австрија, 29-29, иако беше пред пораз на четири секунди до крајот.
Селекторот Кирил Лазаров откри дека Никола Митревски и Ненад Костески утринава имале висока температура, над 39, но и двајцата смогнаа сили.
Претходно слични проблеми имаше и десниот бек Мартин Велковски, а денеска во хотелот остана Томислав Јагуриновски.
Следен предизвик за Македонија ќе биде натпреварот против Катар, кој е закажан за 23 јануари од 15:30 часот.