Хуманитарен меч во Неготино – ветераните на Повардарие и на Македонија ќе играат за Јани

Денеска во спортската сала „Младост“ во Неготино ќе биде одигран хуманитарен натпревар за Јани Иванов меѓу ветераните на Повардарие и на Македонија.

Билетите за овој натпревар чинат 100 денари, а кутии за донации ќе има поставено и во салата, а публиката ќе може да ужива во мајстории на Пепи Манасков, Тони Николовски, Сречко Ѓорѓиевски, Раде Стојановиќ и уште многу други…

Покрај натпреварот што ќе стартува од 18:30 часот, гледачите ќе може да уживаат и во богата културно-уметничка програма, а ќе и лицитација за репрезентативен дрес на Пепи Манасков.

Сите собрани средства ќе бидат донирани за 19-годишниот Јани Иванов, кој поради повреда на рбетниот столб по несреќата во Грција пред околу две години, останува речиси целосно парализиран и неговото лекување се одвива во Лариса, а трошоците за тоа се многу големи.