Хрватски репрезентативец се враќа во Бундес лигата

Според пишувањата на „Спорт Билд“, репрезентативецот на Хрватска, Никола Грахоцац, ќе се врати во Бундес лигата.

Граховац, кој токму во Бундес лигата го направи првото интернационално искуство играјќи за Балинген, е блиску до договор со Вецлар.

Кружниот напаѓач минатото лето си замина од Германија и потпиша за Веспрем, но како што е познато, двете страни нема да ја продолжат соработката.

Граховац во својата татковина, освен за Загреб, настапуваше уште за Дубрава, а со најтрофејниот хрватаски клуб четири сезони играше во Лигата на шампионите.

Еден од новите ракометари во Вецлар ќе биде и сонародникот на Граховац, Јосип Шимиќ, па така двајцата Хрвати ќе ја делаат минутажата на пикерската позиција.