Хрватите со 18 ракометари доаѓаат во Скопје

Селекторот на младинската репрезентација на Хрватска, Крешо Иванковиќ, го објави списокот на ракометари за контролните натпревари со Македонија.

Хрватите имаат 18 ракометари на списокот, подготовките ги започнаа вчера, а в четврток ќе допатуваат во Македонија.

На списокот на Иванковиќ има двајца ракометари од словенечкиот шампионат, останатите 16 се од домашното првенство.

Натпреварите меѓу Македонија и Хрватска ќе се играат в петок од 18:00 часот и в сабота од 12:00 часот во салата во Автокоманда.

Овие два меча се дел од подготовките за настапот на младинското ЕП во Словенија, каде овие две селекции се паднаа во иста група, плус Австрија и Црна Гора.