Antonio GERONA SALAET (coach), Iceland vs Serbia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Munich, Germany, 12.01.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Херона: Јас сум виновен, можев да реагирам со неколку измени!

Репрезентацијата на Србија во првото коло од Европското првенство ремизираше против Исланд, 27:27.

Србите на една минута пред крајот водеа со три гола разлика, предвреме започнаа со радоста и од готово направија вересија, па на крајот мораа да се задоволат само со бод.

Селекторот на Србија, Тони Херона, даде свој коментар за одиграниот натпревар со „рибарите“ и ја презеде вината за последните две минути, во кои неговите избраници целосно потонаа.

,,Честитки за репрезентацијата на Исланд за одиграниот натпревар, сигурен сум дека публиката уживаше во овој меч. Честитки за мојот тим за одиграните 58 минути. За последните две минути ја преземам одговорноста на себе, ни најмалку не ги обвинувам играчите, можев да реагирам со неколку измени. Милосављев беше одличен, одбраната си ја заврши работата, имаше грешки во нападот, но на крајот им реков на играчите да се фокусираат на Унгарија”, изјави Херона за порталот „Моцарт Спорт“.

Србија за ривал во второто коло ја има репрезентацијата на Унгарија, додека Исланд ќе се соочи со Црна Гора.

🎥Имаа се во свои раце, а еве како Србите потонаа за 40 секунди