Некогашниот ракометар на Барселона, Веспрем, Кил и Алборг, а сегашен на Хафнарфјордур, Арон Палмарсон, ќе има краток ангажман во египетскиот тим Ал Ахли.
Таму тренер е Стефан Мадсен, кој соработуваше со Палмарсон во данскиот Алборг, а сега го ангажира за три натпревари на Светското клупско првенство.
Покрај Палмарсон, Мадсен во Ал Ахли го ангажира и поранешниот член на Еурофарм Пелистер и Алборг, а сегашен на Фредериција, Себастијан Хенеберг.
Правилата на ИХФ дозволуваат секој клуб да донесе двајца ракометари само за овој шампионат, па Ал Ахли и Мадсен го искористија ова.
Египетскиот тим стартуваше со победа над Сиднеј Универзитет со 49-15, а утре игра со вториот ривал во групата, европскиот првак Барселона.