Во големото финале на Европското првенство ќе се сретнат селекциите на Данска и Франција.
Данска последен пат играше за злато во 2014 на домашен терен, но тогаш загуби, а трофејот го освои две години претходно на ЕП 2012 во Србија.
Микел Хансен нема важна улога во националниот тим, но се уште е тука кога треба да помогне.
„Поминаа 12 години од последното наше злато на ЕП и ни значи фактот што имаме нова шанса. Имавме одредени проблеми да дојдеме до завршницата во последните години. За нас ова е одлично чувство и искуство. Секогаш ми било чест и среќен сум да играм во вакви арени, полуфиналиња, финалиња… Имаме нови лица во тимот, одушевен сум колку се интелигентни. Млади се, ама имаат многу знаење за ракометот. Ако се споредам јас во времето кога почнував, тука се некаде, добри се еден на еден, шутираат добро, додаваат и ја гледаат играта. Заедно со Франција, имаме слични успеси низ осторијата. Мислам дека добра одбрана, многу контри и добар напад ќе го красат финалето. Сметам дека репрезенатцијата која помалку ќе греши на крајот ќе го добие натпреварот“, изјави Хансен.
Мечот меѓу Франција и Данска ќе се игра во „Ланксес Арена“ во Келн и ќе започне од 17:45 часот.